Џуџиња

Објектот Џуџиња располага со 9 занимални за деца од постарата предучилишна возраст (2-6 години) и 2 занимални на вториот спрат за деца од јаслена возраст (0-24 месеци) со тераси и реквизити за децата.
Двете занимални на спрат се користат за престој на деца од јаслена возраст.Опремени се со хромирани креветчиња за мали деца, а дел со дрвени креветчиња за поголемите деца и богат избор на дидактички и игровен материјал намент за деца од оваа возраст;
9 занимални наменети за престој на деца од постара предучилишна возраст – градинка (2-6 години) кои располагаат со рекс креветчиња, специјално дизајнирани за предучилишните установи и богат дидактичко – игровен материјал, катчиња за поттикнување на развојот на децата;
Површина на објектот 926 м2
Површина на дворно место 3.659 м2
Објектот Џуџиња се наоѓа на улица „Џон Кенеди“ број 1 Телефон за контакт : 02/ 2 622 – 454