Објектот Снегулко располага со 11 занимални за деца од постарата предучилишна возраст (2-6 години) и 2 занимални за деца од јаслена возраст (0-24 месеци)
Двете занимални користат за престој на деца од јаслена возраст.Опремени се со хромирани креветчиња за мали деца, а дел со дрвени креветчиња за поголемите деца и богат избор на дидактички и игровен материјал намент за деца од оваа возраст;
11 занимални наменети за престој на деца од постара предучилишна возраст – градинка (2-6 години) кои располагаат со рекс креветчиња, специјално дизајнирани за предучилишните установи и богат дидактичко – игровен материјал, катчиња за поттикнување на развојот на децата;
Во објектот Снегулко се наоѓа повеќенаменска сала која се користи за реализирање на активности од музичко воспитание, физичко и здравствено воспитание, приредби и други заеднички манифестации за и од децата и за вработените;
Во овој објект е сместена и дистрибутивна кујна за распределба на храната во овој објект.
Површина на објектот 1.605 м2
Површина на дворно место 9.117 м2
Објектот Снегулко се наоѓа на улица „Никола Грчето“ број 3
Телефон за контакт : 02/ 2 621 – 418