Едукација за родителите

Со системот за предучилишно воспитание и образование се обезбедуваат услови за остварување на правата на децата и задоволување на нивните потреби, унапредување на нивното физичко и ментално здравје, со активно учество на децата во заедница со другите, во услови прилагодени на децата, нивните можности, интереси и потреби

Притоа воспитувачите преземаат активности со цел да креираат услови за сознавање и учење по пат на игра, интеракција, активирање во истражувачко-откривачки процеси и решавање на различни проблемски ситуации. Заради тоа градинката како прва организирана воспитно-образовна институција има пресудна улога во формирањето и развојот на способностите за учење, задоволување на сознајните потреби и поттикнување на сознајните интереси на децата.

Во детската градинка во текот на денот, се одвиваат најразлични воспитно-образовни активности, слободни активности и игра, реализација на дневните планирања, пасивен и активен одмор, релизација на факултативни програми (доколку ги има согласно интересот на родителите), моторички активности, прошетки, набљудувања, учество во различни манифестации, индивидуална работа со деца и родители.