Постапка за запишување на дете

Детската градинка запишува и прима деца преку целата година за престој на деца од предучилишна (од 0-6 години) Запишувањето/приемот на дете започнува со пополнување на Барање во електронска форма преку веб страната на градинката, со прикачување/приложување на сите потребни документи.
Ова Барање е важечко сè додека не биде позитивно решено. Комисија за прием на деца се состанува еднаш во месецот, ги разгледува Барањата и врши прием на деца според одредени критериуми (адреса на живеење, статусот на вработеност на родител/старател, време на чекање, самохран родител, програмата за престој која е избрана, присуство на друго дете во градинка и сл.)
Комисијата го известува родителот дали детето е примено во градинка или е ставено на листа на чекање за прием
Доколку детето е примено, родителот е должен во рок од 30 дена од денот на приемот на Решението за прием на детето да ги комплетира сите потребни документи, да го потпише Договорот за правата и обврските за згрижување и воспитание на дете со Установата и да ја изврши уплата.
На досието (развојното портфолио) се пишува бројот од главната книга со што детето е запишано и може да ги користи услугите на градинката првиот ден од наредниот месец од денот кога се комплетирани документите.

Префрлување на дете од еден во друг објект

За префрлување на дете од еден во друг објект, родителот/старателот, во пишана форма пополнува Барање каде наведува од кој и во кој објект детето се префрлува и причината за префрлување на детето.
Барањето го разгледува и по него одлучува Комисија за прием на деца. За позитивно решено барање се известува родителот/старателот по електронски пат, на домашна адреса во писмена форма или телефонски.
Префрлање од пониска во повисока програма (од полудневен во целодневен престој) е возможно доколку дозволуваат усовите за тоа
Префрлање од повисока во пониска програма (од целодневен во полудневен престој) не е возможно.