Историјат на Градинката

Кратка историја на градинката

ЈОУДГ „СНЕЖАНА“ е формирана со решение на Окружниот Стопански Суд во Скопје број 31/70 од 27.03.1970 година.

Градинката е формирана како Комбинирана детска установа „СНЕЖАНА“ Скопје. Орган на основање е Советот на Основно училиште „Васил Главинов“ Скопје со Одлука број 04-235 од 02.07.1969 година и Решение на Собранието на Град Скопје број 5309/1 од 12.02.1970 година.
Градинката во почетокот функционира во склоп на ОУ „Васил Главинов“ од 1970 до 01.10.1973 со забавишни групи кога со упис во судски регистар од 01.10.1973 година започнува да функционира ЈОУДГ „СНЕЖАНА“ со седиште во објектот Снегулко.
Објектот СНЕГУЛКО започнува со работа 1973 година
Објектот ЏУЏИЊА започнува со работа 1978 година
Објектот ВЕСЕЛКО започнува со работа 1981 година, а со Одлука на Советот на Општина Чаир број 07-1447/3 од 15.06.2012 објектот ВЕСЕЛКО е отстапен на Општина Шуто Оризари

Раководни лица

Име на прв вд директор

Роска Силјановска период 1970 – 1990
Елисавета Киковиќ период 1990-2000
Дијана Симоновска 2000-2010
Марија Ангелова 2010- 2014
Ана Ѓорѓиева 2014-2016
Наташа Ангелова 2016-2018

Даниела Костенцова 2018 – 2022

Ѓулер Бејоглу 2022

Нарел Салих Буќи 2022 –

Решение Согласност Град Скопје формирање на СНЕЖАНА

Решение на СУД формирање на СНЕЖАНА

Одлука за отстапување на објект РЕ ВЕСЕЛКО

Решение од ОКРУЖЕН СУД конституирање на СНЕЖАНА 1973